Џек Ма го загуби епитетот најбогат Кинез ама тврди дека на интелигентните луѓе им е потребен будала да ги води
Џек Ма објави минатата година дека заминува во пензија.
Поминал трновит пат од учител, па до основач на е-комерцијалната платформа Алибаба, која остваруваше поголема продажба од Амазон и е-Bay заедно и секогаш го привлекувал вниманието на медиумите. Но стана пример за многу бизнис луѓе и неговите совети со внимание беа испраќани.
Инаку, го загуби епитетот најбогат Кинез, откако неговата деловна империја е ставена под строга контрола на кинеските регулатори, додека ривалите напредуваа на новата Глобална листа на богаташи за 2021 година на истражувачката и медиумска групација Хурун.
Ма и фамилијата беа лидери на листата за 2019 година и за 2020 година, но сега паднаа на четврто место. Пред него се Џонг Шаншан, сопственик на фирмата за полнење вода „Нонгфу Спринг“, потоа Пони Ма, кој е на чело на „Тенсент Холдинг“ и Колин Хуанг од компанијата „Пиндуодуо“, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Неговите совети бесплатно ви ги пренесуваме подолу:
За работата: „Ако доаѓаме на работа во 8 наутро и одиме дома во 17ч, ова не е високотехнолошка компанија, а Алибаба нема да биде успешна. Ако имаме таков вид на дух од 8 до 5, тогаш би требало да си одиме и да работиме нешто друго“.
„Секогаш имајте на ум овие три принципи: што сакате да направите, што треба да направите, и колку долго треба да работите“.
За конкуренција: „Учете од конкуренцијата, но никогаш не копирајте. Копирајте и ќе умрете“.
За основање компании: „Ако сакате да растете, пронајдете добра прилика. Денес, ако сакате да бидете сјајна компанија, размислете за тоа кој социјален проблем можете да го решите.
За неоткажувањето: „Денешниот ден е суров. Утрешниот ќе биде уште посуров. А денот после утре ќе биде прекрасен“.
За луѓето: „Вработете личност која е најсоодветна за работа, а најталентирана. Тоа може да биде многу болна лекција. Нема смисла да се вградува мотор „боинг“, ако ќе вози трактор“.
За етиката: „Никогаш не мамете други, ни во бизнисот , ни во животот. Во текот на 1995 година ме измамија четири компании- сите четири сега се затворени. Компанијата не може да стигне далеку со измамите“.
За предности на неговото непознавање на технологијата: „На интелигентни луѓе им е потребна будала да ги води. Кога тимот го сочинуваат тон научници, најдобро е да имаат селјак да ги води по патот, неговиот начин на размислување е поинаков. Полесно е да се победи кога луѓето ги гледаат работите од поинакви перспективи“.
За себе: Јас сум многу едноставно момче, не сум паметен. Сите мислат дека Џек Ма е многу паметен човек. Можеби имам паметно лице, но имам глупи мозоци“.
За поминати грешки од „мрачните денови во Алибаба“: Ако не се откажете и понатаму имате шанса. И, кога сте мали, мора да бидете многу фокусирани и да се потпрете на мозокот, а не на силата“.
За тимската работа: „Ако сме добар тим и знаеме што сакаме да направиме, еден од нас може да победи 10 нивни“.
За поголема мисија: „Не е важно дали сум пропаднал. Барем го пренесов концептот и идејата на другите, дури и ако не успеам, некој ќе успее“.
За истрајноста: „Ние тоа ќе го направиме бидејќи сме млади и никогаш, никогаш нема да се откажеме“.