Џеки Чен имал проблеми со бесот: Призна дека парите ги криел од сопругата, мислејќи дека е спонзоруша
Актерот откри дека често седнувал пијан зад воланот и дека се коцкал со своето друштво...
Иако благодарејќи на своите улоги е препознатлив како симпатичен лик кој сите го сакаат, познатиот актер Џеки Чен во приватниот живот е тотална спротивност од тоа.
Актерот во своите мемоари „Never Grow Up“, објасни дека во својот живот направил многубројни грешки и дека кон жените како што вели тој се однесувал како „вистински кретен“.
Освен тоа, тој призна дека често знаел да седне зад воланот пијан и дека се коцкал со своето друштво.
Кога ја запознал својата сегашна сопруга Џон Лин, со која е во брак од 1982 година, ја сметал за спонзоруша и ги криел парите од неа, а потоа и ја изневерил со поранешната Мис на Азија, Елаин Нг со која има и вонбрачна ќерка.
Во своите мемоари признава дека имал проблеми со бесот и самоконтролата, па дека еднаш му се случило да го фрли синот од почетокот на собата до креветот, кој се наоѓал на крајот од истата.
Тој оправдување за своето однесување пронашол во несигурноста и незрелоста кон која бил склон, а тврди дека тие проблеми за него сега се минато.
Може да ве интересира: