Џенифер Анистон гласаше за Бајден: Премногу луѓе умреа
Често се експонира кога се во прашање Американските претседателски избори. Тоа го направи и минатите години. Овој пат, славната актерка Џенифер Анистон гласала предвреме и своето гласачко ливче го пратила преку пошта. Не крие дека гласала за Бајден и за неговата заменичка Камала.
„Гласав за нив, зашто во моментов нашата земја е поделена повеќе од кога било претходно. Неколку мажи во рацете ја држат моќта на одлучување што можат жените, а што не со сопствените тела. Нашиот моментен претседател заклучи дека расизмот не е проблем. Во повеќе наврати јавно ги игнорираше проблемите. Премногу луѓе умреа. Се работи за иднината на оваа земја и на целиот свет“, напиша Џенифер во објавата.
„На вашите ќерки, на ЛГБТ заедницата, нашите браќа и сестри Афроамериканци, постарите луѓе со здравствени проблеми и вашите идни деца и внуци, кои ќе имаат задача да ја спасат планетата за која актуелната влада мисли дека не е загрозена. Целата оваа работа не се однесува само на еден кандидат или проблем, туку на иднината на земјата и на светот. Гласајте за еднакви човечки права, за љубов и пристојност“, дополни Анистон.
„Не е смешно да се гласа за Канје. Не знам што друго би кажала. Бидете одговорни“, додаде Џенифер за кандитадурата на познатиот рапер Канје вест за претседател на Америка.