Живот // Живот
Џоди Фостер во Кан се појави со својата сопруга: Нежни прегратки и „украден“ бакнеж
51-годишната фотографка и 58-годишната актерка, која ја доби почесната Златната палма на Канскиот филмски фестивал кој се одржува момнетално, направија извонреден настап на црвениот килим по повод церемонијата на отворање на настанот.
Актерката Џоди Фостер се појави за рака со Александра Хедисон, нејзината сопруга со која се во брак од 2014 година. И двете на тој начин ја покажаа нивната љубов, занесени погледи, нежни прегратки, украден бакнеж и „рафали“ од смеа.