Џони Деп ги загрижи бројните фанови, прво изгубил свест, се повредил, а сега и ова: Што се случува со омилениот актер?

На изненадување на многу фанови, Џони Деп минатиот петок пристигна во Бостон со помош на бастун.

60-годишната ѕвезда на „Пиратите од Карибите“ беше насмеана пред настапот во петокот вечерта со неговиот бенд „Холивуд вампири“, и покрај бастунот што загрижи многумина.

Деп носеше предимензионирана црно-бела карирана јакна со бела маичка одоздола, која ја искомбинира со темни панталони и бел шал во џебот. Како и обично, актерот носеше ѓердани и комбинираше сина капа и очила за сонце.

Инаку, како што веќе напиша Пејџ Сикс, бендот на Деп беше принуден да одложи три датуми на американската турнеја на 29 мај поради повреда на скочниот зглоб.

– Со жалење можеме да ја споделиме со вас веста дека „Холивуд вампири“ ќе ги одложат претстојните три концерти на американската турнеја оваа недела – напиша на социјалните мрежи бендот во кој се и Алис Купер, Џо Пери и Томи Хенриксен.

- Џони се здоби со болна повреда на скочниот зглоб по неодамнешните настапи и докторот го советуваше да не патува. Тој е уништен од ваквиот расплет на настаните, но едвај чека да се одмори за сите четворица „вампири“ да дадат се од себе на турнејата - стои на веб-страницата на рок бендот.

Исто така, ова е прво појавување на актерот во јавноста откако се појави веста дека бил пронајден онесвестен во неговата хотелска соба во Будимпешта. Бендот на Деп во последен момент го откажал шоуто во Будимпешта, а според полицискиот извештај актерот се онесвестил и морале да се јават на лекар. Деп наводно бил во толку лоша форма што не можел ни да стигне на сцената.