Еден совет е- Измијте ја косата со топла вода: Кои се другите 4 за намалување на крвниот притисок

Кардиолозите посочуваат дека е од клучно значење за лицата со дијагностицирана хипертензија редовно да земаат терапија, но ако не сте на лекови и имате висок крвен притисок, постои начин за негово брзо намалување.

Болеста од која страда секој трет Македонец, и воопшто еден од најчестите проблеми на светската популација, е високиот крвен притисок. Главните причини зошто не успеваме да ја одржиме оваа болест под контрола се прескокнување на терапија и стрес, забележуваат експертите.

Кардиолозите посочуваат дека е од клучно значење за лицата со дијагностицирана хипертензија редовно да земаат терапија, но ако не сте на лекови и имате висок крвен притисок, постои начин за негово брзо намалување.

Лекарите првенствено ве советуваат да легнете на рамна површина, да ставите перница под главата и на нозете термофор наполнет со ледена вода. Ова ќе го намали притисокот и главоболките.

Покрај тоа, искусни лекари препорачуваат во случај на нагло зголемување на притисокот, направете го следново:

Задржете го здивот

Обидете се да не дишете 8-10 „броења“, потоа вдишувајте и така натаму во следните 2-3 минути. Меѓутоа, ако имате вртоглавица од оваа вежба, не инсистирајте. На крајот од вежбата, не станувајте нагло - легнете, одморете се 15-20 минути.

Измијте ја косата со топла вода

Добро е да се насочи млаз со топла вода на задниот дел од главата. Но, во исто време, во никој случај не треба да се наведнувате. Важно е да стоите и да го практикувате ова не подолго од 5 минути.

Направете облоги од јаболков оцет

Навлажнете тенка крпа направена од природен материјал (по можност газа) со раствор на оцет и нанесете ја на нозете. Држете 10-15 минути.

Пијте течности

Пијте чај од липа и брусница, чај од ливчиња од дива роза, или јаглика. Сите овие пијалаци имаат диуретично дејство што помага во намалување на нивото на крвниот притисок.

Направете сок од лимон и мед

Овој пијалак се нарекува и „еликсир на здравјето“. Ставете минерална вода во чаша, додадете половина исцеден лимон и една лажичка мед. Промешајте сè и пијте.


Извор: informer.rs