Единствената причина зошто Меган Маркл ја носеше нараквицата од принцезата Дајана на интервјуто кај Опра
Иако интервјуто сè уште не е објавено во целост, се појавија бројни детали од „сесијата“ со популарната водителка
Интервјуто со Меган Маркл и принцот Хари, „под диригентската палка“ на Опра Винфри, иако се уште необјавено во целост, привлече големо внимание во јавноста. Најавата од триесет секунди успеа да подигне огромна прашина, бидејќи во исто време, парот расправаше за напуштање на кралското семејство без никаква цензура.
Се дигна и прашина и во Велика Британија. Кабинетот на кралицата Елизабета е изненаден од ова интервју и смета дека ќе бидат изнесени невистини од страна на Меган. Плус, ја обвинија и дека била немилосрдна со кралските слуги... Сето ова Маркл го демантираше и рече дека таа е жртва, а не „Фирмата„- како што го нарече кралското семејетво.
Инаку, секое нивно движење во интервјуто кај Опра беше под лупа на јавноста, вклучително и комбинациите на облека што ги избраа и накитот на бремената Меган. Имено, прославената актерка и војвотката од Сасекс носеше нараквица на покојната принцеза Дајана, а набргу потоа се забележа и тој детал - стана познато зошто се одлучила на тој потег
Двојката, истакнува „Пипл“, одлучила Меган да ја носи таа нараквица, така што „мајката на Хари ќе биде со нив на некој начин“ за време на отворениот разговор што го договорија со Опра. Водителката, инаку, имаше можност да ги праша што сака, „без сопирачки“ од каков било вид.
Нејзиниот веренички прстен некогаш бил изработен од одредени детали од истата нараквица
Покрај нараквицата, Меган носеше и обетки „Биркс“, ѓердан од дизајнерот Пипе Смол и фустан од куќата „Армани“ со лотосово цвеќе, а тоа исто така имаше одредено значење.
- Цветот на лотосот претставува неверојатна желба за живот. Само семето може да трае неверојатно долго време без вода, и само тогаш да цвета - вели „Town & Country“: Толку многу одбиваат да прифатат пораз, па затоа е скоро невозможно да не се поврзе со нејзината верба во подобро утре .