Една соба во Македонија крие многу тајни: Еве по што е посебна
Палатата на Собранието на Република Македонија е една од најмонументалните градби во Република Македонија, за која во 1930 година бил распишан и конкурс за проектирање (на кој победил архитект Виктор Лукомски), а изградена е во 1938 година по проект на чешкиот архитект Виктор Ј. Худак.
Објектот е концепиран во модерен архитектонски јазик за тоа време, со специфичен масивен разигран волумен и присуство на чисти фасадни елементи, во форма на надворешен петаголник со внатрешен двор со сала. Применетата фасадна декорација е со геометриски содржини, присутни во одделни партии.
Од вградената орнаментална содржина, најинтересен дел е обработката на кабинетите и ентериерот, проектирни-дизајнирани од Д. Инкриостри (1935-1937) во резба - Сала Длаборез.
Таа е со комплетно обложување на ѕидовите со дрво, поделени на геометриски полиња, каде се аплицирани во резба различни геометриски, вегетабилни и зооморфни стилизирани мотиви, втемелени на народната уметност и традиција.
Изведбата на оваа декорација му била доверена на Глиша Костовски, столар и резбар од Тетово, со неговата тајфа.
Сама по себе е атракција и македонско ремек- дело.
Покрај резбаниот таван и ѕидовите, како и орнаментите, просторот е надополнет со стилски мебел во барок варијација, а црената боја е симболот на Македонија.
Не е новост дека вакви простории има на повеќе локации во нашата земја, но оваа е една од најрепрезентативните и вистинска реткост.
Во оваа сала се склучувале разни договори и разговори од затворен тип, па со тоа уште повеќе е интригантна.