Ексклузивните содржини на новата српска телевизија, Блиц ТВ отсега достапна на MSat TV

Најновата српска телевизија, Блиц ТВ отсега е дел од понудата на сателитската телевизија на Мтел Македонија, Msat TV.

Блиц ТВ е модерна српска телевизија која што во фокусот ги има точните, проверени и релевантни информации за светот, политиката, јавниот живот, бизнисот, спортот, културата и шоу бизнисот.

На позицијата со број 46преку MSat TV може да го превземете каналот и да ги следите сите содржини кои што ги нуди Блиц ТВ, кој со емитување започна минатиот месец, а веќе успева да го освои и задржи вниманието на телевизиската публика.

Телевизијата, покрај високо квалитетната информативна програма, нуди и ексклузивни забавни содржини. Блиц ТВ ќе ја прикажува емисијата „Балканска улица“ со Весна Дедиќ, а од 8 октомври почнува со емитување и едно од најисчекуваните телевизиски содржини - првата сезона од „Цеца шоу – Цеца и деца“ со мега популарната Светлана Цеца Ражнатовиќ. Овој играно-документарен серијал, како што се најавува, ќе ни ја прикаже Цеца, но и нејзиното семејство од сосема поинаков агол. Гледачите на Блиц ТВ преку Msat TV ќе добијат ексклузивен поглед во случувањата во едно од најпознатите семејства во Србија, но и на Балканот.

Блиц ТВ е достапен во сите три пакети од понудата на MSat TV за кои што може едноставно и брзо да аплицирате преку веб страната www.mtel.mk, на телефонскиот број 15010 или преку мрежата на овластени партнери на Мтел Македонија. 

ПР објава