Тренд // Стил
Елеганција во движење: Претседателите Пендаровски и Борут со класа стил
- 25 Септември, 2020
Претпладнево
во вила „Водно" Словенечкиот претседател Борут Пахор беше пречекан од претседателот Стево Пендаровски. Пахор престојува
во дводневна официјална
посета на Македонија, а беше
испочитуван со официјална церемонија и највисоки државни и воени
почести.
Кај двајцата претседатели беше забележителен стилот на облекување за оваа пригода. Одбрале елегантни костуми и вратоврски, со тоа што Пахор имаше брош на реверот од сакото.
Дополнителна предност на нивниот изглед е тоа што се слаби и релативно високи, а имаат и цврст став кога чекорат.