На 12 ноември Македонија ќе гостува кај Грузија, во финалето од плејофот за пласман на Европското првенство во фудбал. Тој дуел треба да реши дали Грузија или нашата земја ќе бидат дел од континенталниот собир кој ќе биде следното лето.
Сепак, има најави дека фудбалерот Елиф Елмас може да има проблеми околу добивањето дозвола за доаѓање на репрезентативната покана.
Елмас настапува за Наполи, клуб кој уште минатиот месец покажа екстремен став околу пуштањето на фудбалерите за настап во националните селекции.
Во меѓувреме, Елмас има нов имиџ. Пушти мустаќи во месецот на машкото здравје- ноември.
Еве како изгледа: