Спорт // Спорт
Еурофарм Пелистер им се заблагодари на девет свои играчи
РК Еурофарм Пелистер им се заблагодари на девет ракометари , од следната сезона клубот ќе игра без услугите на Мартон Секељи, Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски.
Клубот искрено им се заблагодарува на професионалниот пристап и залагањето во изминатиот период. На сите им посакуваме успех во продолжувањето на кариерата на клупско и репрезентативно ниво. Семејството Еурофарм Пелистер секогаш ќе биде и нивно семејство, се вели во соопштението.