Спорт // Спорт
Еурофарм Пелистер закажа дуел со Вардар, ќе биде спектакл во Кавадарци
Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога против Бутел Скопје, победи со 21-26 и закажа спектакл и финале со големиот ривал Вардар 1961, актуелниот шампион во Купот на Македонија.
На завршниот Ф4 турнир кој се игра во Кавадарци, Еурофарм пелистер предводен од Јосип Божиќ Павлетиќ кој запиша шест гола, и Стипе Мандалиниќ со пет, стигна до очекуван триумф.
Во составот на Бутел Скопје, се истакнаа Марко Митев и Мирко Мајиќ со по пет гола.
Финалето во Купот на Македонија, кое се очекува да донесе спектакл и голема борба меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се игра в недела.