Еве го најскапиот автомобил на сите времиња
Иницијално пласиран во чест на 110-годишнината од францускиот бренд, моделот „La Voiture Noire“ на „Bugatti“ конечно пристигна
Концептот всушност е базиран на моделот „Chiron“ и претставува модерен осврт на „Bugatti Type 57SC Atlantic“.
Минатата недела „Bugatti“ ја искористи Инстаграм платформата за да сподели фотографии од својата нова машина и уникатното уметничко дело, паркирано покрај француските знаменитости како Триумфалната капија и Ајфеловата кула.
Токму како и кај моделот „Bugatti Chiron“, обожавателите на суперавтомобили можат да очекуваат 8-литарски 16-цилиндричен мотор со квад турбо полнење, машина која создава 1479 коњски сили и 1600 Nm вртежен момент. Естетски, новиот модел поседува динамична каросерија конструирана од беспрекорни панели од јаглеродни влакна кои оддаваат впечаток како да се креирани од еден дел.
„La Voiture Noire“ доаѓа со астрономска цена од 14.781,546 евра, со што претставува најскапиот автомобил некогаш креиран. Сопственикот на уникатниот хиперавтомобил се уште не е официјално претставен, но постојат одредени шпекулации дека станува збор за поранешниот претседавач со групацијата „VW“, Фердинанд Пијех.