Еве го NARAN- 1048 коњски сили
Дизајнот на овој автомобил е одговорност на Јовин Вонг, основач на Вин Дизајн и визионер кој стои зад автомобилите Аполо ИЕ и Де Томазо П72, додека дизајнот на боите и материјалите го следи Кејт Монтгомери, поранешна дизајнерка на моделот Астон Мартин Лагонда. Дуото создаде неверојатен автомобил, кој се карактеризира со остри линии и спортски стил.
Силата доаѓа од 5,0-литарски твин-турбо V8 мотор, што ќе го забрза ова возило од 0-100 Km / h за помалку од 2,3 секунди. Исто така, ќе достигне очекувана максимална брзина од над 370 км на час, додека произведува 1.036 Nm вртежен момент и 1.377 кг потисна сила - што е повеќе од тркачки автомобил GT3.
Само 49 Наран се направени. Секој е целосно уникатен - дури и во името на моделот, давајќи им можност на клиентите сами да го именуваат. Сè во автомобилот Наран прилагодено на вкусот на колекционерот, што значи дека сите се единствени.