Живот // Живот
Еве како Северина го дочека разводот
Тие имаа бурен брак исполнет со многу несогласувања кои едвај можеа да ги скријат од јавноста. Важеа за хармонична двојка, но на сето тоа му дојде крај. Иако медиумите одамна шпекулираа, сега се оствари сето она за што беше пишувано.
Северина и Игор Којиќ вчера и официјално ставија крај на бракот. Парот се разведе, а документите ги потпишаа во судот во Загреб.
Причината за разделбата се уште е непозната, а се шушка дека пејачката во последната година откако и беше одземено старателството над синот го променила своето однесување и воопшто не обрнувала внимание на сопругот.
Ниту Игор, ниту Северина се немаат огласено по повод разделбата.