Еве колку ќе чини PS5 конзола!

Sony компанијата пред неколку недели официјално објави дека работи на најновата козола која ќе биде наследник на PS4 и секако, на сите ни е јасно дека станува збор за долго очекуваната PS5 конзола која би требало да донесе уште подобри гејминг услови за играчите. Меѓутоа, информациите за новата конзола се уште не се познати и сега за сега може само да се претпоставува што ќе се случува со неа во иднината.

Сепак, на интернет се појавија информации за цената на новата конзола која доаѓа од гејминг девелопер кој наводно работел на креирањето на оваа конзола. Како што пренесува порталот „Games Radar“, девелоперот тврди дека PS5 ќе биде достапен на почетокот на 2020 година и дека ќе биде 100 долари поскапо од првобитната цена на PS4 конзолата, што значи дека неговата цена ќе биде околу 500 долари.

Оваа цена навистина делува како реална можност за новата генерација да може да ја поседува оваа конзола и многу луѓе сметаат дека ако цената биде помала или поголема ќе биде нереална. Сепак, овие информации не се потврдени, што значи дека ќе мора уште малку да почекаме, додека не бидеме сигурни дека сме добиле официјални објави од Sony компанијата.