ЕВРОТИП – ЗОШТО СЕКОГАШ ПОВЕЌЕ? ИНТЕРВЈУ со Генералниот менаџер Илија Илијевски
Во големиот број на спортски обложувалници кои му се достапни на вљубениците во предвидувања на резултатите од спортски настани, како и на оние кои сакаат да ја испробаат својата среќа и да остварат добивка, компанијата Евротип се издвојува како субјект кој е лидер во оваа дејност во нашата држава за многу работи. За таа цел објавуваме Интервју со Генералниот менаџер на оваа компанија, Илија Илијевски.
Што е Евротип?
Евротип спортски обложувалници е компанија која е една од ретките на пазарот за спортско обложување во нашата земја која е оформена со 100 % домашен капитал и компанија за која може да се каже дека за релативно краток период од своето основање се етаблира како најдобра во своето поле на делување во Македонија.
Зошто велиме дека со Евротип добивате секогаш повеќе ?
Бидејќи го имаме единствениот Бонус на пазарот преку кој може да се добијат до 10,000,000 денари добивка. На име Бонус во 2022 година исплатени се 15,600,367 денари. Во првите пет месеци од оваа години исплатена е неверојатна сума од 11,176,266 денари. Покрај високата сума на исплатен Бонус, во Евротип корисниците се наградени и со исплатен CASHBACK во износ 25,241,728 денари за 2022, а во оваа година досега тој износ е 12,724,877 денари. Во Евротип постои и опцијата CASHOUT, која овозможува барање за предвремена исплата на тикет во секое време и секое место. Со оваа опција корисниците оствариле добивки во износ од 17,538,715 денари во 2022 година, а пак во 2023 година за првите пет месеци тој износ е 5,847,264.
Што ве прави успешни?
Успешноста на Евротип во својата област најповеќе се должи на извонредната понуда на услуги, како и на постојаната иновативност во делувањето што е препознаено од страна на корисниците. Евротип во својот фокус секогаш го има задоволството на своите сегашни корисници и континуирано работи на привлекување потенцијални нови корисници. Затоа компанијата постојано се труди да обезбеди што поразновидна и побогата понуда на сите спортски настани на своите платформи за обложување.
Покрај најдобрите Специјални игри за фудбалски натпревари, вредно е да се каже дека Евротип ја има дефинитивно најдобрата понуда за обложување на кошаркарски и ракометни натпревари како и на учинок на индивидуални играчи во наведените спортови. Евротип е единствената домашна компанија помеѓу спортските обложувалници која сама изработува свој билтен со понуди за обложување, но исто така користи и одлична веб платформа како и мобилна апликација која е креирана да ги задоволи различните потреби на корисниците. Довербата и сигурноста со клиентите Евротип ја гради преку редовна исплата на нивната добивка. Компанијата ја зголемува својата понуда со тоа што постојано воведува нови игри за своите клиенти, нуди најдобри коефициенти, бонуси за играчите и ги следи најновите светски трендови во областа на спортското обложување.
Компанијата Евротип континуирано се труди да ги подигнува стандардите во областа на спортското обложување во Македонија, а секако да воспостави и новитети во своето идно делување.
Клуб картичка активна веднаш по апликација
Што би дополнале за крај?
За успех се потребни две работи, задоволни вработени и задоволни клиенти. За таа цел целокупниот менаџмент и тим на Евротип, постојано вложува напори за подигнување на нивото на сите процеси во работењето. Евротип е општествено-одговорна компанија која преку разновидни спонзорства, донации и хуманитарни акции, секогаш се грижи за различните потреби и доброто на целокупната заедница.
ПР Објава