Фарел Вилијамс со чанта од крокодилска кожа вредна 1 милион долари: Здруженијата за заштита на животни го нарекоа „бесчувствителен“
Музичарот Фарел Вилијамс (50) е и креативен директор на машката линија на француската модна куќа Луј Витон. Со новата скапа чанта „Millionaire Speedy“ изработена од крокодилска кожа, го привлече вниманието на модната недела во Париз.
Дури и за светот на луксузната мода, цената на најновата верзија на познатиот моден додаток привлекува критики со сумата од милион долари.
Скапиот моден додаток укажува и на фактот дека трендот на тивок луксуз е во опаѓање бидејќи купувачите на чантата „Millionaire Speedy“ сакаат на сите да им покажат дека имаат пари.
Клиентите можат да избираат помеѓу жолта, сина, црвена, зелена и кафена. Покрај тоа што е направена од крокодилска кожа, има и штитници на рабовите од злато, украсени со дијаманти, како што пренесува „Гардијан“.
Чантата сè уште не е достапна, но веќе го привлече гневот на PETA за користење на крокодилска кожа.
Лиза Ланге, постар потпретседател на ПЕТА во САД, наводно му испратила писмо на Фарел во кое го повикува да ја посети фармата за крокодили поради шокантните наводи за злоупотреба на животни.
– Во свет полн со злосторства и ужаси, жолта чанта вредна милион долари не свети, туку наместо тоа создава болка – коментира ко-основачката на модната активистичка организација Fashion Revolution, Орсола де Кастро.
Додека модната коментаторка Керин Френклин го нарече бесчувствителен.
Фарел се уште не го искоментирал случајот. Оние кои можат да си ја дозволат чантата ќе мора да почекаат додека не бидат „поканети да нарачаат“ торба откако ќе покажат интерес.
Инаку „Millionaire Speedy“ наводно ќе биде достапен само за избрана клиентела на Луј Витон.
Фото: ИнстаграмИзвор: www.24sata.hr