Fashion Group викенд промоција: Цела нова колекција на супер намалување!

Велат, нема ништо подобро од викенд, но ако тој викенд има промоција, тогаш истиот не може да биде поубав!

Веројатно досега ги одбравте вашите фаворити од новите колекциии на брендовите на Fashion Group, па доколку сèуште ве чекаат во кошничка, она што треба да го знаете е тоа дека само викендов, ќе ги добиете по специјална цена.


Почнувајќи од денес, 06 – ти ноември, па сè до 08 – ми, добивате намалување од -10% на еден и -15% на два или повеќе производи, пресметувајќи го попустот во кошничка.

Колекциите на нашите брендови сезонава се полни со исклучителни парчиња, почнувајќи од материјалите, моделите и секако, неодоливите земјени тонови кои ни се единствено потребни за да уживаме во студената сезона.


Она што е супер кај овие меѓусезонски промоции е тоа што имате можност да си набавите сосема нови и тренди парчиња за сезоната во која уживаме, а сепак, по неодоливи цени.

Сега е вистинско време да вложите и во сите оние класици како џинсот со висок струк, џемперите во кои ќе се топлиме и во најстудените денови, кошулите со кои сакате да оставите впечаток во канцеларија, но и обувките со кои ќе правиме безброј кул комбинации.


Иако се чини дека летните намалувања како штотуку да завршија, сега има нова причина за радост и сосема нови производи што ќе ја одбележат студената и секогаш романтична сезона.

Викендов е совршен и за онлајн нарачка на нова јакна и чизми со кои и оваа зима ќе уживаме во убавините што ни ги нудат планините во зима, но и за елегантно парче чие време допрва ќе дојде.


Фаворитите од новите колекции на брендовите на Fashion Group ги гледате во продолжение, а целата понуда на овој линк https://bit.ly/3508C2r .


ПР објава