ФФМ: Анализа на судењето во 31 коло
Судиската комисија при ФФМ како и во секое коло, така и на последното одиграно 31 во средата ги даде своите анализи за натпреварите каде имаше „дилеми“ дали се исправни одлуките на одиграните натпревари.
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 31 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Шкупи - ФК Македонија Ѓ.П одигран на 04.05.2022 година, анализирана е ситуацијата од 90+6 минута
Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
90+6. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Македонија ја имаше во посед топкатамалку странично во шеснаесетникот на Шкупи, на него невнимателно и со интензитет, во долниот дел од ногата стартуваше играч од одбраната на Шкупи и направи прекршок. Исправна одлука на судијата, досудено удар од 11 метри без дисциплинска мерка.
На натпреварот ФК Работнички - ФК Борец одигран на 04.05.2022 година, анализирана е ситуацијата од 54 минута
Главенсудија: Јосип Бартон. Помошни судии:Александар Ѓорѓевски и Дарко Јовчевски.
45+1минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Работнички прими топка во шеснаесетникот на Борец централно од голот, играч од одбраната на Борец сакајки да ја избие топката несмасно го удри играчот од нападот во долниот дел од ногата со јак интензитет и направи прекршок.Исправна одлука на судијата, досудено удар од 11 метри без дисципллинска мерка.
На натпреварот ФК Скопје - ФК Пелистер одигран на 04.05.2022 година, анализирани се ситуациите во 44 и 49минута
Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Ристе Ѓорѓиев и Зоран Саздовски.
44 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен втор жолт- црвен картон)
Играч од одбраната на Скопје на околу 25 метри странично од својот гол, откога ја изби топката со нога, со јак интензитет, невнимателно со коленото го удри во пределот на телото ( стомакот) играчот од нападот на Пелистер. Исправна одлука на судијата, досуден слободен удар и доделен жолт картон кој беше втор за играчот, автоматски на играчот му беше доделен ЦРВЕН КАРТОН.
49 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Нема офсајд позиција)
Играч од нападот на Скопје додаде топка малку странично од голот на Пелистер до свој соиграч, кој беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на Пелистер, ја прими топката, тргна во контра и постигна гол. Исправна одлука на првиот помошен судија играта да продолжи, нема офсајд позиција и голот е регуларен.
На натпреварот ФК Струга Трим Лум - ФК Брегалница одигран на 04.05.2022 година, анализирани се ситуациите во 29, 55, 80 и 81 минута
Главен судија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин.
29. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ е досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Струга во шеснаесетникот на Брегалница ја имаше во посед топката странично од голот, на него стартуваше со минимален контакт (туркање со тело) играч од одбраната на Брегалница. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, бидејќи контактот е недоволен (минимален) за да се досуди удар од 11 метри.
55.минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција)
Центрирана топка во шеснаесетникот на Брегалница, играч од нападот на Струга ја додаде топката до свој соиграч кој беше пола метро понапред од предпоследниот играч од одбраната на Брегалница и постигна гол. Исправна одлука на првиот помошен судија голот да го поништи поради офсајд позиција и да се досуди индиректен слободен удар.
80. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ПРВИОТ АСИСТЕНТ СУДИЈА(Доделен втор жолт – црвен картон)
Висока топка покрај аут линијата во близина на првиот помошен судија, во скок беа двајца противнишки играчи, во скок играч од Брегалница со пределот на подлактицата го удри играчот на Струга во пределот на главата (вратот).Исправна одлука на судијата, досуден слободен удар и доделен жолт картон кој беше втор за играчот, автоматски на играчот му беше доделен ЦРВЕН КАРТОН.
81 минута:ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ е досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на Струга центрираше топка странично од голот на Брегалница, играч од екипата на Брегалница кој беше само 20 см надвор од 16- сетникот ја удри топката со рака, која беше во неприродна положба ( високо подигната). Тешка ситуација за проценка, меѓутоа одлична одлука на судијата да досуди слободен удар, а не удар од 11 метри.
На натпреварот ФК Академија Пандев - ФК Шкендија одигран на 04.05.2022 година, анализирани се ситуациите од 21, 60 и 81минута.
Главен судија: Александар Грујовски. Помошни судии: Лика Куштрим и Зоран Јанкуловски.
21 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Академија беше во посед на топка и во полн спринт странично во 16 – сетникот на Шкендија, на него стартуваше со јак интензитет со лизгачки старт директно во пределот на ногата, и без да игра со топката играч од одбраната на Шкендија. Исправна одлука на судијата да досуди удар од 11 метри без дисциплинска мерка бидејки прекршокот е странично од голот.
60 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈАТА ( Досуден удар од 11 метри)
Топката беше во игра и во посед на голманот на Шкендија, истиот ја изби топката кон центарот, во тој момент имаше играч од Академија кој беше во шеснаесетникот на Шкендија и легнат на тревата, во истиот момент играч од Шкендија дојде и неспортски почна да го влече (да го стане од трева ) играчот на Академија. Исправна одлука на судијата да досуди удар од 11 метри и да додели жолт картон за неспортско однесување на играшот за влечење, бидејки топката беше во игра и фаулот беше направен во 16- сетникот.
81 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА( Досудено удар од 11 метри)
Играч од нападот на Шкендија странично во 16- сетникот на Академија ја удри топката, играч од одбраната на Академија со закаснет старт, невнимателно и со интензитет го удри напаѓачот во долниот дел од ногата со која што ја удри топката. Исправна одлука на судијата , досудено удар од 11 метри без дисциплинска мерка, стартот е странично од голот и не е ветувачка акција.
На мечот ФК Тиквеш - ФК Ренова одигран на 04.05.2022 година, немаше предизвикувачки ситуации за судиска анализа.