Спорт // Спорт
ФФМ во координација со УЕФА учествуваше во донација на средства за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија
Фудбалската федерација на Македонија како партнер на УЕФА со финансиски средства учествуваше во помошта која се доделува во хуманитарни цели за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија.
УЕФА објави дека сума од вкупно 200.000 евра се доделени на ФФ на Турција и две невладини организации во поддршката на големата хуманитарна акција за помош на жртвите од земјотресот во двете земји.
УЕФА во координација со сите свои членки, меѓу нив и ФФМ, активно се вклучи во помошта која е итен одговор на оваа ужасна трагедија.
ФФМ како одговорна федерација се вклучи со финансиски средства и во координација со УЕФА придонесе во заедничкиот фонд кој е доделен во Турција и Сирија.