ФИФА реши: Три жени како главни судии на мундијалот во Катар, вкупно шест на листата од 129 за СП

Кон крајот на годината во Катар ќе се одржи мундијалот во фудбал, спектакл на светско ниво.

ФИФА ги одреди судиите, избра шест жени од вкупно 129 да делат правда на Мундијалот.

Три од овие шест ќе бидат главни, Французинката Стефани Фрапар, Салими Мукансанга од Руанда и Јапонкара Јошими Јамашита.

Стефани Фрапар веќе има искуство во квалификациите за Светското првенство и во Лигата на шампионите, важи за суперквалитетен судија.