Филип Крстевски: Стоп за расизмот, ова е и модно движење
Модата се интерпретира во различни форми и големини, на начини во кои неретко се изразува социјалната страна, оштествените прилики, визијата за одредени времиња или времињата кои допрва доаѓаат, продуцирање на нешто ново излезено од мозокот на дизајнерите... Всушност, секако е комплексна.
Предрасудите во погледед на расите траат и денес. Дваесеттиот век предизвика значајна ревулуција во тој поглед, но исега се’ уште се чувствува расизмот.
Младиот моден дизајнер Филип Крстевски реши токму да се занимава на оваа тема и да прикаже мини колекција во која покрај парчињата, главниот акцент е ставен и на манекените- со обоена кожа и афричко потекло. Интересен концепт насловен како This is a movement, not a moment – Ова е движење, а не момент.
- Како текстилен инженер и моден дизајнер сакав да прикажам неколку необични модни парчиња кои се моја изработка со тоа што на фотографиите се прикажани обоени луѓе како модели кои што доаѓаат од Конго, а монетално живат во Македонија. Во нивната држава Леополд Втори од Белгија спроведе систем на принудна работа, кој брзо беше копиран од другите европски колонијални сили. Оваа брутална практика беше катастрофа за населението во Конго, и Леополд на крајот беше принуден да се откаже од контролата врз колонијата. Овој тип на мода зема голем замав за време на протестите на ,, Black Lives Matter ’’ во Америка при што најразлични модни парчиња од висока мода веќе можат да се видат по улиците. Како кулминација на мојата интелектуална работа сакав да прикажам децентрализирано и социјално движење кое што се бори против расно мотивирана омраза кон обоените раси- вели Крстевски.
Како негов придонес кон еманиципација и зголемување на нивните права ја создаде линијата ,, This is a movement, not a moment ’’ со цел оваа револуција да продолжи. Со ова тој сака да прикаже дека сите сме еднакви и имаме еднакви права и дека сите луѓе се родени слободни.
- Движењето подразбира постојана промена и развој кон подобро и повеќе права, додека пак моментот се константи кои изнашле графичка форма на популацијата и создале нивна карактеристика. Можеби изгледаат како различни светови, но низ историјата, модата и политичкиот активизам одеа заедно. Активистите веќе долго време ја препознаваат и ја користат моќта на облеката- додава Филип.
Колекцијата изобилува со контрасти како црната и белата боја и не е наменета за секојдневно облекување, туку за оние кои сакаат стил на поинаков начин.Н.Т.