Филип Мишевски уште две сезони во Македонија ЃП

Освојувачот на Купот, прволигашот Македонија Ѓорче Петров, го  потврди потписот на играчот од одбраната Филип Мишевски, тој останува во клубот до 2024 година.

Мишевски кој има 29 години, практично продолжува во тимот на Македонија ЃП уште две сезони. 


За Мишевски, Македонија ЃП е негов петти клуб во кариерата, претходно настапуваше  за Скопје, Пелистер, Работнички и Тиквеш.