Фит убавица: Згодна Македонката со супер тело
Мажите ја обожаваат, жените често и завидуваат. Ама како
појава секаде е забележлива. Дали со фаталната убавина или со стилот, сеедно,
таа не може, а да не биде во центарот на вниманието. Едноставно е таква,
харизматична и смела, непоколеблива и самоуверена.
Наташа Петровска е сопственичка на познат салон за убавина, но тоа не значи дека нејзиниот убав изглед се должи само на козметичките третмани. За да биде вистинското лице на она што го презентира, таа постојано вежба, мотивира и обучува и други, несебично помагајќи во создавање на нивниот нов, топ затегнат изглед. И тоа е за поздрав.
Има фантастично обликувано тело и супер пропорции. Токму затоа и се убаво и стои. Позната е по убавото облекување но и по брендираната облека што ја купува.
Во незиниот орман можат да се најдат парчиња од Кавали, Долче и Габана, Гучи... внимателно избрани и купени од странство бидејќи многу патува. Има стил кој не е пре нападен, ама воочлив.
Сето тоа е добро „скоцкано“, а сексапилот не изостанува. Но таа и да е закопчена до грло, повторно тоа ќе го поседува. И токму тоа е предност, а не недостаток. Посебно кога е дозирано на вистински начин.
Често знае да каже- „ Вие сте она што ќе направите денес, не она што ќе кажете дека ќе направите утре. Не чекајте повод за позитивни промени“.
Поведена од ова, животот го живее во полн здив. Многу често оди на одмори, неколку пати годишно, на егзотични плажи или на специфични туристички места.
Има богат социјален живот, излегува, се дружи, споделува корисни совети за здрава исхрана и вежбање со другите.
Не и е многу битно кој што ќе каже за неа, секој има право на свое мислење и свесна е дека негативни коментари секогаш ќе има, но секој со своето.
Небојша Толески