Фотката која го заобиколи светот: Џеј Ло и Бен Афлек ја повторија легендарната сцена од 2002 година

Не престануваат да ја изненадуваат јавноста...

Џенифер Лопез и Бен Афлек ја обновија врската по 17 години, а сега ја повторија и сцената од нејзиниот спот за песната „Jenny from the Block“, во кој актерот ја имаше главната улога.

Имено, тие двајца позираа на својата јахта, а оваа фотка ги преплави социјалните мрежи. Многу обожаватели ги споредија овие две сцени кои навистина личат една на друга.

На фотографијата може да се види како Лопез лежи на стомак, додека Афлек е потпрен на неа и ја држи раката на нејзиниот задник.

фото: Chris Pizzello/AP