ФОТО: Академија Пандев се пофали, Бојан Димоски доби повик за А-репрезентацијата

Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат настапи во Лигата на Нации, прв противник е Бугарија на гости на 2 јуни во Разград, потоа следува и второ гостување против Гибралтар.

Селекторот Благоја Милевски најави подмладување на составот на репрезентацијата, а дел од „свежата крв“ е Бојан Димоски од Академија Пандев кој доби повик за А селекцијата, потврди клубот од Струмица.

„Бојан Димоски доби повик за сениорската репрезентација на Македонија. По одличните настапи оваа полусезона, 20-годишниот лев бек на Академија Пандев денес го доби својот прв повик за сениорскиот национален состав. Иако поради повреда го пропушти првиот дел од првенството, во пролетниот дел запиша 14 настапи, во кои постигна 2 гола и 7 асистенции“ – напишаа на Фејсбук од Академија Пандев.