Благоја Милевски го објави списокот за Лига Нации, Адеми отпадна
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот на играчи за претстојните четири средби во Лигата на Нации, од „Ц“ лигата, две на гости против Бугарија и Гибралтар, и две дома против Грузија и Гибралтар во Скопје.
На листата на Милевски има неколку нови имиња, дебитант е Бојан Димоски од Академија Пандев кој од младата репрезентација доби повик во А-националниот тим. На листата од 28 играчи се наоѓаат и Фазлагиќ, Тодоровски, Гроздановски, Етеми...
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 28 фудбалери, а меѓу нив го нема Аријан Адеми и Адис Јаховиќ поради зачестени повреди.
ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Дени ИЛИЕВ (Тренцин, СЛОВАЧКА);
ОДБРАНА: Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ријека, Хрватска), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Кире РИСТЕВСКИ (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан АЛИОСКИ (Ал Ахли, Саудиска Арабија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Серед, Словачка), Стефан АШКОВСКИ (Сепси, Романија), Никола СЕРАФИМОВ (Залаегерсег, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Славија Софија, Бугарија), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);
СРЕДЕН РЕД: Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Леванте, Шпанија), Стефан СПИРОВСКИ (МТК, Унгарија), Енис ФАЗЛАГИЌ (Висла Краков, Полска), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Ердал РАКИП (Малме, Шведска), Бобан НИКОЛОВ (Шериф Тираспол, Молдавија), Давид БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија);
НАПАД: Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (МТК, Унгарија), Дарко ЧУРЛИНОВ (Шалке 04, Германија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија);
Со Бугарија играме на 2 јуни во Разград три дена подоцна се среќаваме со Гибралтар на гости, а потоа следуваат две средби во Скопје, со Грузија на 9 јуни и на 12 јуни со Гибралтар.