ФОТО: Борусија Дортмунд и Марко Росе ја прекинаа соработката по сезоната без освоен трофеј

Марко Росе и Борусија Дортмунд ја прекинаа соработката, иако имаа договор до 2024 година.

По само една сезона, Росе го заврши престојот во Дортмунд, екипата на Борусија не освои ниту еден трофеј, а заврши како втора во Бундеслигата.

„По нашата интензивна анализа, во која учествуваа Росе, Вацке, Цорк, Кел и Замер, клубот реши да ја прекине соработката со Росе, му посакуваме успех и среќа во понатамошните негови ангажмани“ – се вели во соопштението на Борусија Дортмунд.