ФОТО: Епски сеир на Џенова за победата против Јувентус, се споредија со Реал Мадрид

Џенова го победи Јувентус со 2-1, со голови во финишот, губеа со 1-0 се до 87 минута.

Дибала погоди во 48 минута, се чинеше дека „старата дама“ ќе запише три бода, но Гудмундсон во 87 минута, и Кришито од пенал во 95 минута донесоа неверојатен пресврт и триумф на Џенова. 

Џенова сега со трите бода има некакви шанси за опстанок, со 28 бода е на 18 место кое води во понизок ранг на натпреварување, пред нив е Салернитана со 29 бода и средба помалку, утрешната со Калјари.

Џенова  оваа победа против Јувентус ја спореди со онаа на Реал Мадрид против Сити, со твит кој предизвика многу коментари.