ФОТО: ФФМ со порака за Адеми и Ристовски по триумфот против Челси

Хрватскиот шампион, Динамо Загреб направи изненадување на дуелот со Челси, запиша победа со 1-0 во првото коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец, и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми беше прогласен за најдобар играч на средбата, додека Стефан Ристовски беше еден од најдобрите во составот на шампионот од Хрватска.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски може да биде задоволен од формата на овие наши клучни играчи во националниот тим, а ФФМ со моќна порака по победата на Динамо Загреб против Челси.