(ФОТО) Hennessey го претстави своето ново специјално издание на коњак
„Maison Hennessey“ неодамна го претставија својот најнов коњак во „Very Special Limited Edition“ серија, во преубаво пакување..
Новиот коњак е дизајниран од познатиот аргентинско-шпански уметник Фелипе
Пантоне. Познатиот бренд на коњаци ја одржи својата традиција да соработува со
талентирани уметници секоја година, кои дизајнираат сопствено „Very
Special“ шише.
Оваа година, Фелипе Пантоне дојде на ред за да го покаже својот талент, но мора да признаеме дека воопшто не не разочара.Најдобриот коњак од славниот бренд доби навистина интересен изглед со помош на специјалните кинетички форми на овој уметник. Фелипе е познат низ целиот свет по своите интересни креации, во делот на кинетичката уметност, графитите, дизајнот и инсталациите, кои содржат смели бои и геометриски дезени.
Новото „Hennessy V.S. Limited Edition“ идание претставува фасцинантна мешавина од смели бои и графика, со 3Д илузии и „Hennessey“ експертиза и конзистентност, кои произлегуваат од долгогодишното искуство во создавање на најдобрите коњаци на светот.
За ова специјално издание, Фелипе искористил парчиња и делови од историјата на „Hennessey“, од старите етикети и шишиња, пакувања и рекламни кампањи и ги искомбинирал во многу интересен и модерен стил што одговара на дигиталната ера во која живееме.