(ФОТО) Имаат по стотици милиони: Кои познати на своите деца нема да им остават ништо во наследство
Многу холивудски ѕвезди своите деца ги лишија од наследство – од хуманитарни причини, а некои поради тоа што мислат дека толку пари можат само да ги натераат „да скршнат од патот“.
1. Џеки Чен (65), кинески актер и мајстор за боречки
вештини, чие богатство се проценува на 140 милиони долари, сите свои пари ќе ги
остави на хуманитарните организации, а не на својот син, бидејќи тој е способен
сам да заработува.
2. Сајмон Кауел (59), еден од најпознатите членови на жирито во најголемите талент шоуа не верува во обичаите како наследување на богатство. Своето богатство ќе го остави на хуманитарни организации, а тој лично ги обожава оние за деца и кучиња.
„Вашата оставина мора да биде таква за да им пружи на луѓето доста прилики, а ако дополнително им дадете време и нешто ги научите, тоа ќе биде најдоброто наследство“ – изјави Кауел.
Сајмон, според информациите од мај 2019 година поседува богатство од 550 милиони долари.
3. Елтон Џон (72), англиски пејач кој со својот моментален партнер Дејвид Фурниш (56) ќе донираат 53 милијарди фунти на хуманитарна организација, бидејќи сакаат на своите синови да им ја всадат почитта кон парите, труот и работата.