Тренд // Стил
(ФОТО) Инстаграм профил открива што носат луѓето за работа од дома
Изолацијата можеме да ја гледаме од два агли: еден е темен - не можеме да излеземе надвор, не можеме да се дружиме, заклучени сме во куќи, но има уште еден, кој е убав поглед на светот - ангажирајте ја вашата имагинација и оставете ја вашата креативност да излезе на виделина.
Социјалните медиуми никогаш не биле пополни со смешни клипови, видеа, идеи и предлози, а група модни уредници од Њујорк излегоа со идеја да создадат страница на која ќе прикажат што носат луѓето кога работат од дома.
Профилот стана вистински „бум“ на Инстаграм и привлече над 20.000 следбеници за кратко време.
Навистина има сè, од пижами, џемпери, па сè до формални наметки, а со секоја слика доаѓа духовит опис.
Погледнете ја галеријата: