ФОТО: Ива Пројковска дел од ЕУРО во Англија, утре официјално на мечот Шпанија-Финска

Англија е домаќин на Европското фудбалско првенство за жени, натпреварите се играат во Лондон, Манчестер, Шефилд и Саутемптон.

Македонската репрезентација не е учесник, но Македонија има свој претставник на ова ЕУРО, тоа е судијката Ива Пројковска која утре е дел од судискиот тим (како четврти судија) на мечот Шпанија-Финска.

За очекување е нашата најдобра судијка да добие и место на натпревар на ЕУРО како главен судија.