ФОТО: Јувентус има две екстра засилувања, атак на титулата во Серија А

Јувентус го обезбедил потписот на Пол Погба и е пред договор со Анхел Ди Марија, ова го тврди експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Со Погба се било договорено минатата недела, а Анхел Ди Марија се очекува до крајот на неделата да допатува во Торино на потпис.

Со овие две засилувања, Јувентус се надева на титула следната сезона во калчо лигата.