(ФОТО) Како изгледа најлуксузната ФИАТ Панда до сега
ФИАТ го промовираше Панда Крос со помош на познатата модна куќа „Трусарди“.
Италијанскиот производител ја опишува оваа верзија како „прва вистинска луксузна панда“ во историјата на овој мал градски автомобил.
Панда Трусарди е заснована на верзијата Крос, и се разликува од редовната варијанта на овој модел во голем број уникатни детали, вклучително и посебна нијанса на надворешна боја наречена Caffè Italiano Brown. Клиентите ќе можат да избираат помеѓу металик боја и мат финиш.
Контраст на кафеава надворешност претставуваат црни украсни елементи како и алуминиумски тркала, а „Трусарди“ е прикажан на надворешноста на возилото со амблем видлив на центарот на тркалата.
ФИАТ објави дека покрај бојата Caffè Italiano Brown, Панда Трусарди ќе може да се нарача и во опциите Gelato White, Cinema Black и Colosseo Grey.
Сепак, најголемо влијание на италијанската модна куќа е забележливо во автомобилската кабина, каде луксузот доаѓа до израз благодарение на специјалниот тапацир што го потпиша и „Трусарди“, а комбинацијата на бои во ентериерот е и кафеаво- црна боја.
Логото и името на компанијата се наоѓаат на многу места, вклучувајќи ги воланот, душеците и безбедносните ремени.
Ексклузивно за оваа опрема, оваа Панда има и Uconnect Mobile мултимедијален уред и автоматски систем за сопирање за возење во град и мирување.
Купувачите можат да избираат помеѓу атмосферски 1,2 бензин со 69 КС и 0,9 литарски турбо мотор TwinAir со 85 КС.
Панда Трусарди ќе биде изработена во ограничено издание, а цената на овој модел не е објавена.