Интересното финале на Вимблдон во машка категорија, кога Новак Ѓоковиќ играше против Федерер, беше следено од целиот свет, кој во неизвесност го гледаше нивниот меч..
Подеднакво
возбудливо беше и женското финале, помеѓу Серена Вилијамс и Симон Халеп, поради
кои Вимблдон стана еден од најгледаните спротски случувања. Ова е исто така и
исполнување на соништата за многуте луксузни брендови кои ги спонзорираат
славните спортисти, а посебно за луксузните марки на часовници. Овој пат, ви ги
откриваме часовниците кои ги носат најславните ѕвезди на тенисот, а кои имавме
прилика да ги гледаме на теренот.
1. Рафаел Надал - Richard Mille RM27-03 – 685.000 долари
Врската помеѓу швајцарскиот луксузен бренд и Рафаел Надал трае од 2010 година, а шпанската спортска сензација често може да се види со овој модел, носејќи го на раката. Минатата година, познатиот тенисер носеше ексклузивен модел на часовник кој тежеше само 20 грами. Само 50 примероци се произведени од истиот.
2. Серена Вилијамс - Audemars Piguet Royal Oak Offshore – 56.000 долари
Пред три години, Серена Вилијамс го освои Вимблдон, што ја смести на повисока позиција на листата од најдобри тенисери на светот. Американската тениска суперѕвезда е забележана со уникатната верзија „Audemars Piguet Royal Oak Offshore Quartz“, во комбинација од злато и дијаманти.
3. Новак Ѓоковиќ - Seiko Astron GPS Solar Dual-Time – 1.680 долари
Новак оваа година на Вимблдон се издвои како број еден и после неизвечниот меч, го победи Роџер Федерер. Славниот тенисер потпиша повеќемилионски договор со еден од најголемите брендови на часовници, а „Сеико“ го претстави специјалното издание „Astron GPS Solar Dual-Time“ за него, кое поседува куќиште од нерѓосувачки челик со облога од розе злато и срна керамичка база.
4. Енди Мареј - Rado Hyperchrome Automatic Chronograph Match Point – 4.200 долари
Енди Мареј претрпи сериозни повреди кои беа клучни за него, да го намали тренирањето тенис, но оваа година тој се здружи со Серена Вилијамс. Тој е првиот британец кој има го освоено Вимблдон во минатите 77 години, а воедно често е забележан со „Rado Hyperchrome XXL“ моделот на својата рака.
5. Марија Шарапова - TAG Heuer Formula 1 Lady – 3.559 долари
Кога руската тениска ѕвезда падна на тестот за дрога и откако и забранија да се занимава со спорт, тогаш изгуби многубројни спонзорства, вклучувајќи го и комерцијалното партнерство со брендот „TAG Heuer“. Сепак, пред да го раскинат договорот, Шарапова на тертенот, но и надвор од него беше забележана со моделите „TAG Heuer Aquaracer“ и „TAG Heuer Formula 1 Lady“.
6. Стен Вавринка - Audemars Piguet Royal Oak Shore Diver – 22.500 долари
Швајцарската ѕвезда на тенисот ја постигна најголемата слава пред пет години, кога воедно потпиша договор со брендот „Audemars Piguet“. Вавринка често може да се види со неговиот „Diver“ хоронограф на раката, а воедно беше дел и од нивната ексклузивна маркетиншка кампања пред две години.
7. Александер Зверев – Richard Mille RM 67-02 Alexander Zverev Edition – 131.000 долари
Дваесет и две годишниот германец се смета за еден од најперспективните тенисери. Го нарекоа „иднината на тенисот“, а за многу кратко време стана фаворит кај многу познати брендови. Ричард Мил се дружеше со Зверев во 2016 година, кога му го подари специјалното издание од моделот„RM 67-02“, кој тежи само 32 грами.
8. Каролин Возниацки - Rolex Daytona – 142.250 долари
Данската ѕвезда на тенисот соработува со Rolex брендот од 2010 година, а често можеме да ја видиме со „Rolex Platinum Daytona“ моделот на раката. Нејзиниот часовник е украсен со дијаманти.
9. Доминик Тијем - Rolex Daytona Chronograph – 17.500 долари
Често нарекуван потенцијалниот налседник на Надал, Доминик е фан на Rolex брендот и често го носи својот челично-керамички часовник со црни стрелки. Доминик со своите 25 години е моментално четвртиот најдобар тенисер на светот.