ФОТО: Македонија ја совлада Албанија во Маврово, новиот селектор започна со триумф

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија успешно го одигра првиот од двата пријателски меча со Албанија, во Маврово, нашите одбојкари, предводени од новиот селектор Ратко Павличевиќ запишаа победа со 3-1.

Ратко Павличевиќ на клупата на Македонија успешно тргна со деби победа пред настапите во Европската сребрената лига, националниот тим е на подготовки во Маврово од 4 мај, Албанија ја победивме со 19-25, 25-18, 25-17 и 25-20.

Со Албанија ќе играме и утре, исто така во Маврово, а премиерните дуели во првата фаза од натпреварувањето кои почнуваат на 25 мај со мечот во Скопје против Босна и Херцеговина.