ФОТО: Миовски во тимот на колото во Шкотска

Бојан Миовски кој е член на македонската А-репрезентација е на третото место на листата најдобри голгетери во шкотската Премиер.

Нашиот репрезентативец со последните два гола за Абердин стигна во бројката од 14 голови, поефикасни од него се само Кјого Фурухаши од Селтик со  19 голови и Лоренс Шенкленд  од  екипата на Харт од Мидлотиансо  17 голови.

Оправдано, Миовски е избран во идеалниот тим на колото во Шкотска.