(ФОТО) Може ли да замислите како би изгледало мермерно Ферари?

Лондонската сезона на суперавтомобили е во полн ек, што може да се заклучи по бројните егзотични суперавтомобили вредни по неколку милиони долари кои прават гужва по градските улици..

За да ги направат своите возила уште полуксузни и интересни, а воедно за да станат интернет сензација, богатите луѓе од Блискиот исток, редовно трошат неверојатни количини на пари за персонализација. Златните автомобили беа фаворит помеѓу луѓето низ годините, но всушност сега се појави сосема нов тренд.

Мермерните делаљи на автомобилите стануваа огромен хит, а посебно во својата бела верзија. Фотографијата на „Ferrari 812 Superfast“ моделот и „Bentley Bentayga SUV“ со мермерен дизајн се здобија со неверојатна доза на популарност.

И двата модела имаат регистарски означи на Саудиска Арабија. После кратко истражување, видовме и многу други модели уредени во сличен стил, како „Lamborghini Urus“, „Bentley“ и „Bugatti Chiron“.