ФОТО: Можни состави на Вилјареал и Ливерпул за реваншот вечерва

Вечерва ќе го добиеме првиот финалист во Лигата на шампионите, Вилјареал од 21.00 часот на домашен терен го пречекува Ливерпул, тимот од Англија во Шпанија допатува со 2-0 предност од првиот натпревар.

Тимот на Јирген Клоп го брка своето 10. финале во ЛШ, додека домашните, екипата на Вилјареал се надева на прво во елитното натпреварување.

Шпанските медиуми во најавата на мечот ги соопштија можните состави, еве како „типуваат“ за стартните единаесет.