(ФОТО) Најпопуларниот Јутубер на планетата го кажа судбоносното ДА
Феликс Келберг, познат по името Пјудипај, конечно се ожени со својата долгогодишна девојка Марсија Бисогинин
Пјудипај е во врска со Марсија веќе 8 години, а
свадбата ја направија на истиот датум кога првпат се запознале.
Уште пред да стане најследениот и најпопуларниот Јутубер на планетата, Феликс не покажуваше никаков интерес за други жени и отсекогаш велел дека Марсија е вистинската жена во неговиот живот. Сега тој конечно и го докажа тгоа, кога го кажа судбоносен ДА со неа и заплови во брачните води.
„Се венчавме!!! Посреќен не можам да бидам. Премногу сум среќен што го делам мојот живот со оваа неверојатна жена “, напиша Феликс на своите социјални мрежи, информирајќи ги сите дека сега започнува нова фаза во својот живот.
We are married!!! I'm the happiest I can be ❤️ I'm so lucky to share my life with this amazing woman. pic.twitter.com/RA3iKAgMOs
— ƿ૯ωძɿ૯ƿɿ૯ (@pewdiepie) August 20, 2019