(ФОТО) Најубавиот влез во море на Јадранот кој секој сака да го посети: Рајско место за одмор, кое го следат сочни озборувања

Островот во северниот дел на Јадранот, поради неговата блага медитеранска клима и дури 1.018 растителни видови пронајдени таму, е познат и како климатски рај. Лошињ во Хрватска со својот архипелаг од вкупно пет населени острови е туристичка атракција сама по себе која привлекува домашни и странски посетители.

Освен по плажите и заливите опкружени со борови шуми, островот се издвојува и по својата архитектура - богати куќи на капитенски семејства и вили.

Познатите скали кои водат директно во морето

Вилата Каролина се наоѓа во заливот Чикат, а изградена е во 1898-ма година според проектот на виенскиот архитект K. von Wiedenfeld за богатиот Josef F. Lovasy од Будимпешта. Вилата отсекогаш била интересна поради сочните озборувања и приказните за љубовните средби на австроунгарскиот император Франц Јозеф и актерката Катарина фон Шрат.


И покрај луксузот, богатството на архитектурата и историјата, она што денес е попопуларно од самата вила се скалите кои се наоѓаат под нејзините градини.


Скалите станаа вистински хит на Инстаграм и еден од првите мотиви кои се забележани на Лошињ.


Фото: Инстаграм

Извор: женаблиц