ФОТО: Навивачот кој го прекина дуелот Реал -Сити со албанско знаме е момче од Македонија

Реал Мадрид го елиминира Манчестер Сити  по продолженијата и закажа финале со Ливерпул во Лигата на шампионите на 28 мај во Париз.

Натпреварот на „Бернабеу“ донесе многу возбуда, интересен фудбал, голови, пресврти, и еден прекин, навивач со албанско знаме втрча на теренот и направи мал прекин.

Според „Инфоспорт“ од Македонија, станува збор за навива  со потекло од Македонија и Скопје кој живее во Германија.