ФОТО: Нека му ја мисли Ливерпул, Бензема е „убиец“ на клубови од Англија

Реал Мадрид го победи Манчестер Сити со 3-1 и стигна до финале во Лигата на шампионите.

Два гола запиша Родриго, а еден Карим Бензема, тој е едноставно „убиец“  на тимови од Англија сезонава, а и воопшто во кариерата.

Бензема сезонава постигна седум гола против екипи од Англија во Лигата на шампионите, ефект кој го нема ниту еден друг играч во една сезона против англиски екипи.

Воедно, Бензема има постигнато четири гола против Ливерпул на последните пет натпревари, финалето Реал Мадрид - Ливерпул се игра на 28 мај во Париз.