Одморот помина, припремите за „US Open“ полека почнуваат, но Ѓоковиќ се уште не може да заборави на сјајниот одмор кој го помина во Хрватска.
Српскиот тенисер
Новак Ѓоковиќ пред две недели се одмараше од напорната сезона на Корчули заедно
со својата сопруга Јелена. Ноле таму пристигна само неколку дена по
освојувањето на Вимблдон, а на Јадранот уживаше во разни деликатеси, капење,
море и пеење.
Одморот помина, а српскиот тенисер објави фотографија со својата сопруга Јелена на море, а покрај нив се наоѓа кајак. И многу се запрашаа, дали Ноле ќе започне сериозно да се занимава со кајакарство? Секако, станува збор за шега, тој е толку моќен во тенисот што сигурно уште многу долго ќе владее на тениските терени.
Ѓоквиќ додека уживаше во Хрватска даде изјава каде што кажа: „За мене, но и за многу други хрватската обала е најубава на цел свет. Имам посетено многу земји и места, но секогаш тука се чувствувам најубаво, каде што можам да зборувам на мојот јазик, да уживам во мојата култура. Тоа е поради драгоцениот Јадран“.
Ноле моментално се спрема за „US Open“ и новите предизвици кои го очекуваат, а спомените од ова лето во Хрватска сигурно ќе му останат како убави сеќавања.