ФОТО: Одредени судиите за 32 коло во ПМФЛ, дербито во тТетово за Александар Ставрев

Викендов се играат средбите од 32 коло во ПМФЛ, сите в недела од 17 часот, а во Тетово се среќаваат поранешниот шампион Шкендија и новиот, екипата на Шкупи.

Ова дерби кое е значајно за Шкендија во борбата да ја обезбеди втората или третата позиција која води во квалификациите за Конференциската лига, мечот му е доверен на Александар Ставрев од Скопје.

Академија Пандев го пречекува Работнички во Струмица, победа за домашниот тим ќе значи дефинитивна потврда за настап во квалификациите на Конференциската лига. Оваа средба в недела ќе ја суди Стојанче Стојанов од Штип.