(ФОТО) Што возат ѕвездите на Формула 1 приватно
Ако редовно следите Формула 1, тогаш најверојатно веќе ги знаете и возачите во кои тимови припаѓаат, кои се фаворити, кои се аутсајдери..
Меѓутоа, дали
знаете што возат ѕвездите на Ф1 приватно, односно, со кои превозни средства
стигнуваат на трката?
Најегзотичните автомобили - Aston Martin, ги имаат возачите на „Red Bull“, Макс Верстапен и Пјер Гасли, следејќи го фактот дека австриската екипа веќе со години има добра соработка со престижниот бренд.
Од друга страна, нивната „сестринска“ екипа „Toro Rosso“, на своите возачи на располагање им остави две „Honda Civic Type R“.
Луис Хамилтон веќе традиционално, на Grand Prix стазата доаѓа со својот „MV Agustom LH44“, што и не не` чуди кога се знае дека Луис е љубител на моторите, а компанијата Мерцедес е сопственик на „MV Aguste“.
Чарлс Леклерк овој пат пристигна со „Ferrari GTC4 Lusso“ од унгарскиот дилер на Ферари автомобили, што беше очекувано.
Повторно, Себастијан Фетел е ексцентричен и покрај фактот што на располагање има „Jeep Grand Cherokee“, тој пристигна со стариот „Suzuki 600“ мотор, знаејќи дека и тој е голем фан на класичните мотори.
Возачите на Рено, Нико Хулкенберг и Даниел Рикардо добија „Renault Megane RS“.
Џорџ Русел и Роберт Кубица пристигнаа со два црни Мерцедес Ц-класа караван, кои очигледно ги возат „по директива“ бидејќи официјално ги користат агрегатите на Мерцедес.
Во корпоративниот дух се и возачите на Алфа Ромео, Кими Раиконен и Антонио Гиовинази, кои возат спортски марки на автомобили.
Рејсинг Поинт пак, доаѓа со рент-а-кар автомобили.